Скопјанец со повреди од остар предмет ноќеска бил однесен во охридската болница, а пред полицијата тврдел дека самиот се повредил.
„На 28.4.2024 година во 01:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека во Општата болница во Охрид со телесна повредa од остар предмет бил донесен С.Х.(33) од Скопје. Според негово кажување тој самиот се повредил“, информираат од МВР.
Полициски службеници излегле на местото и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.