logo
logo
logo

Повлечен владиниот предлог закон за промена на полот со нотарска изјава

Vecer | 22.03.2022

Повлечен владиниот предлог закон за промена на полот со нотарска изјава

Владата денеска донесе одлука да го повлече Предлогот на Законот за матична евиденција од собраниска процедура. Како што соопшти владината прес-служба, оваа одлука е донесена поради доусогласување на Законот за матична евиденција со реформираниот систем на регистрација на новородени деца со оглед на фактот што законските одредби се застарени и не одговараат на реалната состојба со која се соочува нашиот правен систем. Законското решение, како што се наведува, е застарено во поглед на неевидентираните лица и е потребно дополнително да се усогласи со Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени што е донесен во 2020 година. Законското решение со кое се уредува системот на евиденција во матичните книги на родени, венчани и умрени треба се усогласи и со процесот на дигитализација и интероперабилност.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk