logo
logo
logo

Потресна исповед на мајка која го загубила детето ПОРАДИ ТРУЛИОТ СИСТЕМ И НЕМАЊЕТО ЗДРАВСТВО

Vecer | 22.08.2022

Потресна исповед на мајка која го загубила детето ПОРАДИ ТРУЛИОТ СИСТЕМ И НЕМАЊЕТО ЗДРАВСТВО

Мајка која го загубила своето дете лутајќи низ болничките лавиринти низ земјава по лек, го споделува своето потртесно искуство преку отворено писмо.  

Таа пишува дека нејзиното дете малата Никоја својот кус живо го минува по болниците, од операција на операција, од инфузија на инфузија, од „нормално е“ до „ќе се среди“, а умра од Хиршспрунгова болест, најтешката вродена маана на црева, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето. 

Во нејзината објава за вистината за македонското здравство таа опишува како болеста можела да се открие уште првиот пат кога лежеле на Детската клиника, и како било нивна задача да ја доследат состојбата, но тие биле испуштени дома.  

- Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта, тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај, вели таа. 

Верица на јавноста ѝ ја доближува вистината за македонското здравство. На сите кои на своите лажни и купени дипломи го носат трулиот здравствен систем им порачува секој крик на родител и детски плач да им ѕвониво ушите и да ги мачи до последниот здив. 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk