logo
logo
logo

Мицкоски

ПОТРЕБНА Е ПРАВДА - ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИ СОВЕТ

Vecer | 06.02.2025

ПОТРЕБНА Е ПРАВДА - ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА СУДСКИ СОВЕТ

На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот, реагира премиерот Христијан Мицкоски.

Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. 

Македониjа мора да победи, потенцира премиерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk