logo
logo
logo

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Потпретседателот и министер Стоилковиќ се сретна со просветни работници кои предаваат на босански јазик

Vecer | 27.09.2024

Потпретседателот и министер Стоилковиќ се сретна со просветни работници кои предаваат на босански јазик

Потпретседателот на Владата на РСМ и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, се сретна со група просветни работници од земјава, кои предаваат на босански јазик. На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух. 

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.

„Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател“, рече Стоилковиќ, уште еднаш потенцирајќи оти се надева на добра соработка. 

Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветија дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво. 

Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk