Венко Филипче, Фатмир Битиќи, Оливер Спасовски и Мила Царовска се избрани за нови потпретседатели на СДСМ на
вечерашниот Конгрес.

Во новиот состав на Централниот одбор на владејачката СДСМ има 120 членови, а за предложената листа, гласале 668 делегати, а шест биле против.

Меѓу нив има познати имиња како Андријана Будимир, Ана Данева Маркова, Софија Пејкова, Нина Фити – Неделковска… Тие имаат мандат од четири години.

Љупчо Николовски останува генерален секретар на партијата.

Избран е и новиот состав на Надзорниот одбор, составен од 9 члена.

Досегашните потпретседателски функции ги имаа Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски и Мухамед Зекири.

По речиси три децении на клучни партиски позиции, заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска се повлече од
функцијата, а на нејзино место, на предлог на Заев и со 682 гласа „за“ и два „против“, беше избрана актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

makfax.com.mk