logo
logo
logo

„ПОСТАВЕН Е НЕЗАКОНСКИ“ - Професори од средното уметничко реагирааат за вд директорот

Vecer | 13.03.2021

„ПОСТАВЕН Е НЕЗАКОНСКИ“ - Професори од средното уметничко реагирааат за вд директорот

Професорите од средното уметничко велат дека незаконски им е поставен В.Д директор во училиштето кој не ги исполнува условите.

Токму затоа собрале потписи со кои го бараат поранешниот директор кој раководел со училиштето.

Според нив се работи за личен избор на министерката, бидејќи многу законски процедури се прекршени со поставувањето на В.Д директорот.

- Покрај голем број други незаконски работи, тој бил единствен кој ја поддржал новата платформата од името на училиштето иако сите биле против. За ова училишниот одбор се обрати писмено до министерката и ја информираше за состојбата на училиштето од 10.11.2020 година, велат тие.

Додаваат дека во меѓувреме Филип Фидановски од свое име користејќи ја функцијата ВД директор ја поддржува лошата реформа во образованието која апсолутно нема поддршка во делот на ликовното образование ниту од наставниците од основните и средните училишта, вклучувајќи го и средното уметничко училиште, факултетите и МАНУ, и  манипулира дека средното уметничко дава поддршка.

- Овие тврдења ги изнесе на собраниската дебата за реформи во образованието, притоа нарекувајќи го училиштето “затворена институција” што не е вистина, се вели во реакцијата

Професорите приложија документи со кои сведочат за сите неправилности кои ги правеле МОН, Државниот просветен инспекторат и В.Д директорот.

Ги повикуваат сите надлежни институции да постапат и веднаш да го разрешат В.Д директорот, бидејќи целосно е нарушена училишната клима, а тоа го чувствуваат и учениците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk