logo
logo
logo

Пост-Ковид опоравувањето може да биде долготрајно: Болеста е непредвидлива, а симптомите се чувствуваат со месеци

Vecer | 16.10.2021

Пост-Ковид опоравувањето може да биде долготрајно: Болеста е непредвидлива, а симптомите се чувствуваат со месеци

Се поголем е бројот на луѓе кои се жалат на долготрајно пост ковид опоравување, велат лекарите. Замор, тешкотии при дишење, болки во телото, малаксаност, изгубен вкус и мирис, психички тегоби- пациентите кои прележале ковид, иако се водат како оздравени, овие симптоми можат да ги чувствуваат со месеци. Негативниот тест е само една добиена битка- многу е важно и после тестот пациентот да биде под медицински надзор,особено оние кои имале потешка слика и биле хоспитализирани.

Долго време се опоравуваат овие пациенти, особено оние кои биле хоспитализирани или на респиратор..со месеци имаат симптоми на гушење, стегање во градите, кардио проблеми и многу други симптоми кои ни укажуваат на една пост-ковид состојба. Мора да се консултирате со доктор, затоа што може да се јави некоја сосема друга болест, што нема поврзаност со ковид-вели Д-р Светлана Трифуновска- Претседател на здружение на матични лекари-Тетово.

Болеста докажа дека е непредвлидлива ,без строго утврдени правила,вели Д-р Трифуновска.Иако помина толку време, за вирусот сеуште многу работи се нејасни.

-За жал се уште немаме доволно информации. Имаме преку 100 илјади студии во светски рамки,зборувам за официјализирани студии , не било какви и сигурно секој момент се се повеќе. Сеуште учиме, обично се оди на терапија на симптомите на болеста, се истражуваат причините како една таква вирусна инфекција довела до такви последици.Исамо гледате колку многу е засегнат имунолошкиот систем и колку многу време му треба да се врати-вели Изјава- Д-р Светлана Трифуновска- Претседател на здружение на матични лекари-Тетово.

Лекарите советуваат, прележаните од ковид да не ја прават грешката на многу други, а тоа е опуштеноста дека го победиле вирусот и се заштитени.Има бројни случаи каде има реинфекција, односно вирусот напднал по втор, па дури и трет пат.Мора да се научиме дека треба да живееме со постојано почитување на здравствените препораки, ако сакаме што побрзо да излеземе од пандемијата, заклучува Трифуновска.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=zWsF-_A_C90&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk