logo
logo
logo

Последни два часа до избор на нова Влада, Џафери на консултација со координаторите

Vecer | 16.01.2022

Последни два часа до избор на нова Влада, Џафери на консултација со координаторите

Во Собранието на Македонија во тек е вториот ден од дискусиите за новата Влада. Во моментов пратениците се на пауза, при што претседателот на Собранието Талат Џафери ќе се консултира со координаторите на пратеничките групи за текот на последното продолжение на оваа седница, кое треба да заврши со завршните зборови на премиерот. -Најавувам половина час пауза и ги поканувам координаторите на пратеничките групи на консултации. Со ова, по паузата да ја затвориме дискусијата за предметното прашање. Половина час пауза, рече Џафери. Според Деловникот на Собранието, расправата за програмата и за составот на владата се одвива два дена. Седницата почна вчера, додека гласањето на новата Влада мора да се одржи пред полноќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk