logo
logo
logo

ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА - Еве ги новите цени

Vecer | 15.02.2021

ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА - Еве ги новите цени

  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар
  • Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денар/литар
  • Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,458 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,342 ден/кг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk