logo
logo
logo

Поранешниот заменик-министер за здравство е нов директор на струшката болница

Vecer | 19.03.2021

Поранешниот заменик-министер за здравство е нов директор на струшката болница

Поранешниот заменик-министер за здравство, Арменд Арслани, е назначен за нов директор на болницата во Струга, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Арслани беше заменик-министер во претходната влада. Беше избран во ноември 2019 кога тогашниот заменик Асим Муса, поднесе оставка по пишувањата во медиумите за барање мито.

Арслани ќе ја преземе директорската позиција во Струга од гинекологот Мухамед Асани, кој периодов беше актуелен по случајот со родилката на која и беа отстранети јајник, бубрег и матка, но и по тоа што Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) откри нерегистрирана гинеколошка ординација во неговиот дом, за што струшкото обвинителство оформи и предмет.

„Докторот работи согласно неговите ингеренции, смената не беше само заради овој случај (со родилката), беше и во делот на оние наводи кои во делот на своите ингеренции беа наод на ДСЗИ така што ќе почекаме да завршат сите процеси и ќе дадеме коментари за тие работи“,рече министерот Филипче на прашањето дали гинекологот ќе продолжи да работи во болницата.

Филипче пред три дена формираше и комисија која ќе треба да изврши увид во случајот со родилката, откако претходно низа реакции во јавноста предизвика извештајот на Лекарската комора дека немало лекарска грешка.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk