logo
logo
logo

Попов: Има стабилно мнозинство и Влада, избори во 2024 година

Vecer | 17.12.2021

Попов: Има стабилно мнозинство и Влада, избори во 2024 година

– Имаме стабилно мнозинство токму со влегувањето на Алтернатива во коалицијата, следува избор на нова Влада со мандат до 2024 година, Влада којашто ќе биде посветена на справување со проблемите на граѓаните, Влада којашто ќе се посвети на справување со глобалната економска и здравствена криза, оттука сметаме дека фактот што имаме стабилно мнозинство говори за тоа дека немаме потреба од никакви технички влади ниту пак од предвремени избори, изјави Попов одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конфееренција побара во февруари или март да се формира техничка влада, a во мај или јуни да се одржат предвремени парламентарни избори. Формирање експертска влада, со цел побрзо распишување на предвремени парламентарни избори денеска побара и Алијансата за Албанците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk