logo
logo
logo

Пописот денеска ВО ПРЕКИН, ПАДНАЛ ИНТЕРНЕТОТ - се очекува да се реши проблемот

Vecer | 06.09.2021

Пописот денеска ВО ПРЕКИН, ПАДНАЛ ИНТЕРНЕТОТ - се очекува да се реши проблемот

Пописот кој започна вчера, денеска се соочи со проблеми. Паднал интернетот, па морало да се стави во прекин.

Попишувачите околу 11 часот денеска го алармирале Државниот завод за статистика дека не можат да влезат во апликацијата за попиост.

,Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски за МКД.мк изјави дека не е проблем апликацијата туку дека проблемот е глобален, односно има проблем со интернетот во целата земја. Симовски нѝ изјави дека го известиле Телеком и дека очекуваат во најкус временски период техничките проблеми да бидат отстранети и попишувањето на терен да продолжи нормално, како во текот на вчерашниот ден.

Симовски вели дека граѓаните не одбиваат да бидат попишувани и дека соработуваат со попишувачите кои се ангажирани од страна на Државниот завод за статистика.

Тој уште еднаш ги повика граѓаните да им отворат врата на попишувачите и да ги дадат своите податоци во интерес на државата и нејзиниот развој, притоа водејќи сметка за заштитните мерки поради коронавирусот..

Таму каде што е можно пописот може да се изврши и на отворен простор, имајќи предвид дека попишувачите се опремени со лаптопи кои имаат интернет врска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk