logo
logo
logo

Полицијата уапси маж кој пред осум години избегал од „Идризово“

Vecer | 08.06.2023

Полицијата уапси маж кој пред осум години избегал од „Идризово“

Полицијата синоќа во Скопје приведе затвореник од село Мојанци кој пред осум години избегал од КПУ Затвор „Идризово“.

-На 07.06.2023 околу 22.40 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода М.П.(34) од с.Мојанци, скопско. Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово заради бегство од затворот во 2015 година, се вели во соопштението од МВР.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на две години и шест месеци од казната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk