logo
logo
logo

Полицијата фати насилен малолетник, со нож повредил две деца

Vecer | 16.11.2024

Полицијата фати насилен малолетник, со нож повредил две деца

Полицијата фати насилен малолетник од с.Ласларци кој со нож повредил две деца, а судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

„На 15.11.2024, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ласкарци, скопско.

Тој се сомничи дека на 28.10.2024 на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје и дека на 13.11.2024, исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје“, информира МВР.

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик.

Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk