logo
logo
logo

Полициско возило за да избегне сообраќајка УДРИЛО во ограда: ИМА ПОВРЕДЕНИ!

Vecer | 28.06.2022

Полициско возило за да избегне сообраќајка УДРИЛО во ограда: ИМА ПОВРЕДЕНИ!

Вчера попладне, во 17 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на бул.„Македонија“, патничко возило „рено меган“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, при обид да избегне судир со друго возило, изгубило контрола и удрило во ограда помеѓу коловозните ленти.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а сопатникот, исто така, вработен во МВР, се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршиле Јавен обвинител, увидна екипа од ОВР Берово и полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk