logo
logo
logo

ПОЛИЦИСКИ ДО 1 ЈУНИ, за после ЌЕ ВИДИМЕ!

Vecer | 18.05.2021

ПОЛИЦИСКИ ДО 1 ЈУНИ, за после ЌЕ ВИДИМЕ!

Владата на Република Северна Македонија на денешната 71-ва седница на препорака на Комисијата за заразни болести донесе заклучок активните мерки за ограничување на движењето наместо до 18 мај, да продолжат со важност до 1 јуни 2021 година.

Тоа значи дека, уште две недели останува на сила полицискиот час кој почнува од полноќ и трае до 4 часот наутро, а работното време на угостителите ќе биде до 23: 30 часот.

Владата денеска го задолжи Генералниот секретаријат да го објави јавниот повик за финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза.

Повикот има цел да обезбеди финансиска поддршка за регистрирани фотографски студија и фитнес центри кои беа затворени со одлука на Владата за целосна забрана за посетители и гости.

Висината на поддршката се пресметува како износ од 30% од просечниот месечен приход, а дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година.

Рокот за поднесување на пријавите за овој јавен повик е 1 јуни 2021 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk