logo
logo
logo

ПОЛИЦИСКИ ЧАС И КЛУЧ ЗА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ до 27 април, за после ќе видиме!

Vecer | 20.04.2021

ПОЛИЦИСКИ ЧАС И КЛУЧ ЗА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ до 27 април, за после ќе видиме!

Владата на Република Северна Македонија на денешната 66-та седница го усвои Шестиот пакет антикризни економски мерки вреден 17,8 милиони евра за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на корона вирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година. Потоа продолжени се мерките за ограничување на движењето до 27 април; Усвоен е колективниот договор за високо образование и наука; Усвоени се предлог-законските измени за учество на македонските компании во набавките на НАТО, а усвоен е и Планот за дигитализација на судството.

На оваа своја седница Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19, кои се со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).

Исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.

Исклучок се донесува и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика  и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk