logo
logo
logo

Полицијата растури забава: Се собрале во семејна куќа, меѓу присутните и малолетници!

Vecer | 28.03.2021

Полицијата растури забава: Се собрале во семејна куќа, меѓу присутните и малолетници!

Полициска патрола затекнала организирана забава во приватен дом во скопската населба Ѓорче Петров. Било утврдено дека во објектот имало 12 лица кои се однесувале спротивно на мерките за заштита од пренесување на заразни болести.

Како што се наведува во полицискиот билтен:

На 27.03.2021 во 22.00 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во семејна куќа на ул.„Мајски манифест“ во Скопје, сопственост на И.Ѓ.(25) и М.Ѓ.(20), при што било констатирано дека не се почитуваат мерките за спречување на ширење на ковид-19, односно била организирана забава, а покрај нивната сестра С.Ѓ.(19), биле затекнати уште шест полнолетни и три малолетни лица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk