Полицајци ВКЛУЧЕНИ ВО КРАЖБА НА БАКАР ОД ТРАФОСТАНИЦА, открива Ковачки

Оливер Спасовски да не се чуди зошто само 1 од 4 граѓани и веруваат на македонската полиција. Откако им украдоа оружје од среде полициска станица, новите информации укажуваат дека полициски службеници биле директно вклучени во крадење на бакар од трафостаница која во надлежност на Полициска Станица за Граничен надзор Чашка, вели пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој посочува дека според тоа шо ни е доставено и го објавува, полицајците, наместо да ја чуваат трафостаницата, ја отвориле истата и го извадиле бакарот од неа за да го продадат.
– Е до толку е отидена работата. Наместо да ги ловат криминалците, полицајци се директно вклучени во кражба. Брука! Одговорен за тој реон бил извесен Бобан Димитровски – на кој покрај тоа што му бил роднина на Оливер Спасовски, за денот на полицијата од страна на Спасовски му беше доделена и некаква плакета за заслуги, истакнува Ковачки.