Скопска апелација ја укина првостепената пресуда за убиството на Пино Секондо во 2018-та година која и беше изречена на Анѓела Георгиевска, обвинета за соучесништво во убиството за што беше осудена на 19 години затвор. Адвокатот Еленко Миланов ја потврди пресудата на Апелација.
Маја Трпковска, мајка на убиениот Пино Секондо, е разочарана од одлуката на Апелација и објави свој коментар на Фејсбук: “Вода во пустина ке најдеш, ама правда во Македонија тешко. Нема правда во Македонија“
Вториот учесник во убиството на Пино Секондо, Фуркан Али, које извршител на убиството е во бегство и до денес македонските органи не успејаа да го пронајдат и да му се суди.
Убиството го извршил во договор со Анѓела Георгиевска, со пушка во атарот на селото Љуботен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата