logo
logo
logo

Почна реконструкција на средното училиште „Перо Наков“ во Куманово

Vecer | 18.12.2021

Почна реконструкција на средното училиште „Перо Наков“ во Куманово

Во моментов се реконструира училишниот двор, со средства обезбедени од општината во вредност од 1.979.947 илјади денари. На објавениот јавен повик избрана е компанија од Скопје. Во тек е реконструкција и на училишниот ѕид, за што општината одвои 3.171.958 илјади денари. На јавната набавка, за изведување на градежните активности избрана е компанија од липковското село Отља. Надлежните од училиштето очекуваат да заврши и тендерот за замена на вратите на 54 училници, кабинети канцеларии, тоалети, во училиштето, проект кој е финансиран од општината.
– Неделава потпишавме и договор помеѓу Министерството за образование и наука, општина Куманово односно сектор за образование и училиштето за почнување на реконструкција на нашето училиште во рамки на проектот на МОН „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“. Очекуваме наскоро да почне реконструкција на фасадата, да се смени внатрешната и надворешната столарија и да се адаптира тоалет за ученици со попреченост. Сите овие проекти значително ќе придонесат за подобрување на квалитетот на изведување на наставата, изјави директорката Мила Жибак Димковска.
Претходно, беа избрани и компании за поставување на греење во двете училишни спортски сали во централното и дисперзираното училиште во населбата Бедиње.
– Со овој значаен проект ќе обезбедиме оптимални услови за изведување на наставата по спорт и спортски активности, изјави Жибак Димковска.
За поставување на греење во двете сали, општината одвои 4. 720 000 денари. Во „Перо Наков“ настава следат над 800 ученици на македонски и албански наставен јазик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk