logo
logo
logo

ПОЧИНА Владимир Змејковски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 24.09.2021

ПОЧИНА Владимир Змејковски, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ

На социјалните мрежи се простуваат од Владимир Змејковски од Форумот на слободоумни патриоти. Змејковски беше еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Според информации од потесното семејство, Змејковски починал по долго боледување.

 

Голем број членови и симпатизери на партијата, како и почитувачи на самиот Змејковски  преку социјалните мрежи се простуваат од него. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук-профил и напиша:

- Се опростуваме од човекот кој сиот свој животен век го посвети на својата татковина. Ја поттикнуваше љубовта кон Македонија, но беше и неуморен критичар кон политичките и општествените процеси. Своето големо искуство секогаш го ставаше на располагање пред сите нас. Владимир Змејковски во нашите сеќавања ќе остане запаметен како голем човек. Почивај во мир.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk