Патничко возило вчера удрило во скопјанка на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“, при што со тешки телени повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.
„На 23.12.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30), удрило во В.М.(72), двајцата од Скопје“, информираат од МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата