logo
logo
logo

Почетокот на школската година под прашалник - се ќе зависи од емидемилошката состојба

Vecer | 06.07.2021

Почетокот на школската година под прашалник - се ќе зависи од емидемилошката состојба

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Почетокот на школската година, како што рече, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава.

- Во секој случај тоа што е најбитно е дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и оти се спремни сите сценарија за почеток на школската година, изјави Филипче по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

Одговарајќи на новинрско прашање, Филипче рече дека се уште е во тек вакцинацијата на наставниците и се чека да заврши тој процес. Најави дека потоа ќе излезат со конкретен процент.

- Сега се вакцинираат и наставниците кои треба да почнат со физичко присуство, ако е се добро и стабилно, а сега држеа онлајн настава. Тој процес ќе заврши оваа и следната недела, па ќе го знаеме точниот процент, нагласи Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk