logo
logo
logo

По цела недела уцени и закани од генералниот секретар на Град Скопје, АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА МКЦ

Vecer | 17.01.2023

По цела недела уцени и закани од генералниот секретар на Град Скопје, АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА МКЦ

Актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска денеска го разрешила в.д. директорот на Младински Културен Центар, Ванчо Богоев, кој на директорската фотеља седна во јануари, 2022 година, поточно тој го добива мандатот веднаш откако таа стапува на функцијата.

Информациите на „Фокус“ ги потврди сега веќе поранешниот директор на МКЦ, Богоев, кој вели дека поминал цела голгота, посебно последната недела.

„Денеска ме викнаа да ми го врачат решението за разрешување од функцијата без никакво посебно образложение, освен што е наведено дека заклучно со утре изминуваат шест месеци. Како тоа сега им пречам како директор и не ми продолжија, кога претходно без никаков проблем ми ги продолжуваше мандатот. Или, причина за тоа е што се спротиставив и не играм по нивно“, вели Богоев во изјава за „Фокус“.

Тој додава дека главните проблеми почнале откако тој се побунил дека буџетот на МКЦ за само една година изнесува 2 милиони денари, што е срамно.

„Генералниот секретар на Арсовска, Зоран Глигоров цела недела ми се закануваше со разрешување, ме уценуваше и малтретираше. Што очекуваат да се направи само со 2 милиони денари буџет за целата програма на Младинскиот културен центар. Од тука почнаа несогласувањата. Јас работам 36 години во оваа институција. Истата таа градоначалничка која на 13 ноември лично на мене ми ја додели 13-ноемвриската награда за два месеци ме разрешува“, додава Богоев.

Целата вест прочитајте ја на ФОКУС

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk