logo
logo
logo

Платите на полицијата растат, СЕ РАБОТИ НА ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ

Vecer | 03.04.2025

Платите на полицијата растат, СЕ РАБОТИ НА ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ

Платите на полицијата со априлската исплата пораснаа за 10 проценти. Тоа е покачување на примањата на над 12000 граѓани. Ова е реализација на уште едно ветување на Владата со кое се работи на создавање на промени и враќање на достоинството на гаранторите на безбедноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со години полицијата беше омаловажувана и беше рушено нивното достоинство. Единица мерка за криминал и заштита на криминалците беше поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски. Од ортак на криминалните кланови Грчец и Арачиново кои останаа нечепнати поради услугите за избори кои ги овозможуваа на СДС, до некадарни и криминогени началници на Спасовски кои го рушеа угледот на полицијата.

Оваа Влада денес работи на враќање на довербата во полицијата и мотивирање да го спроведуваат законот и чуваат редот.

Покачeните плати се уште еден показател на борбата на Владата за секој еден човек и неговата иднина. Разликата е видлива, промените се случуваат, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk