logo
logo
logo

Платил 1.350 евра за багер, но останал со празни раце

Vecer | 13.06.2024

Платил 1.350 евра за багер, но останал со празни раце

На 12.06.2024 во 12:00 часот во СВР Тетово, 28-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.350 евра.

Според пријавеното, на 25.05.2024 на социјална мрежа тој се договорил со лицето да купи работна машина – багер од него, по што на 10. и 11.06.2024 ги уплатил парите.

Како што е пријавено, пред да го пријави настанот се слушнал со лицето кое му кажало дека машината е на царинска испостава во Тетово, а откако отишол таму бил известен дека таков предмет нема, по што лицето веќе не било достапно и сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk