logo
logo
logo

Петрушевски: ССМ нема КРЕДИБИЛИТЕТ повеќе, СДС потврдија дека го координираат синдикатот

Vecer | 08.03.2025

Петрушевски: ССМ нема КРЕДИБИЛИТЕТ повеќе, СДС потврдија дека го координираат синдикатот

ССМ веќе нема кредибилитет, СДС потврдија дека го координираат синдикатот. Слободан Трендафилов е лице кое и должи на СДС за незаконското поставување на позицијата претседател на ССМ, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-Слободан Трендафилов, подолг период не ги одразува идеите и потребите на работниците, туку на СДС. ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека Трендафилов бил на состаноци со СДС и дека е во постојан дослух со нив и со Левица, а СДС излезе и призна. Сања Лукаревска од собраниска сала за прес-конференции јасно кажа дека се гледале со Слободан Трендафилов. Сите барања на ССМ, се политички и ги следат тезите на СДС, рече Петрушевски и порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја трансформира Македонија.

-Барањата на ССМ не се поткрепени со реалноста. На државата и треба развој, и економски раст, кој забрзано се случува. А со забрзана економска трансформација ќе растат и платите и стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ја трансформира Македонија, додава тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk