logo
logo
logo

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Vecer | 16.01.2022

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство не може да се зборува, одговори бугарскиот премиер, Кирил Петков, на прашање на бугарската телевизија БТВ за тоа дали бугарската влада разговарала со амбасадатата на САД во однос на оваа тема. Освен за непостоењето на македонско малцинство во Бугарија, Петков порача и дека постои усогласен став на бугарската политика, потврден од Консултативниот совет за национална безбендост пред една недела, дека позицијата на Бугарија кон С. Македонија не е променета, туку е само надградена со работни групи. Од друга страна, тој го потврди инсистирањето и условувањето на бугарската страна, бугарското малцинство во Република С. Македонија да влезе во Уставот на земјата, додавајќи дека никогаш не навел точен рок за решение на спорот. -Ова треба да биде во функција само со резултат врз основа на овие работни групи. РСМ ќе влезе во ЕУ кога позицијата на Бугарија ќе биде усогласена. Сакаме правата на Бугарите таму да бидат вклучени во нивниот Устав, изјави Петков во одговорот за БТВ, а во врска со компромисите кои Бугарија е подготвена да ги направи рече дека може да биде иницијатор за пуштање на авио-линија Софија-Скопје како прв чекор. Петков заедно со шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, министерот за транспорт и врски и потпретседателот на Народното собрание, на 18. јануари ќе допатува во прва официјална посета на Скопје и ќе се сретне со новиот премиер Ковачевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk