logo
logo
logo

Пендаровски: Вакцинацијата да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението

Vecer | 14.04.2021

Пендаровски: Вакцинацијата да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението


Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посетa на вакциналниот пункт и на Итната медицинска помош при здравствениот дом во Гостивар. Тој беше запознаен со протоколите според кои се одвива процесот на вакцинација во Гостивар и гостиварскиот регион.

Пендаровски ја нагласи потребата процесот на вакцинација да се одвива континуирано до целосна имунизација на населението. Во тој контекст порача дека и личната одговорност на секој граѓанин е еден од предусловите за побрзо и побезбедно стекнување колективен имунитет.

Директорот на здравствениот дом, Јамин Синани, го информираше претседателот за моментално опфатените таргет групи, во коишто се вакцинираат граѓани над 77 години, со постепено намалување на возрасната граница којашто веќе опфаќа лица над 60 годишна возраст, како и за динамиката согласно која се имунизираат околу 50 граѓани дневно.

Пендаровски разговараше и со медицинските лица задолжени за спроведување на вакцинацијата, кои што истакнаа дека процесот се одвива непречено, според календарот на имунизација. Оние коишто денеска се вакцинираа, упатија апел до сите граѓани, и млади и повозрасни, да се вакцинираат, бидејќи како што велат, со тоа се спасуваат животи.

При посетата во Гостивар претседателот Пендаровски беше и во службата на Итната медицинска помош во рамки на здравствениот дом каде што со вработените разговараше за нивната работа, капацитетите и предизвиците со коишто се соочуваат, особено за време на пандемијата со Ковид-19. Од итната помош го информираа за бројот на интервенции на дневно ниво, поврзани со пандемијата, но и со други случаи. Во однос на имунизацијата истакнаа дека персоналот е веќе вакциниран, со исклучок на вработените коишто се уште закрепнуваат од Ковид-19.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk