logo
logo
logo

Пендаровски: ОПАЃА ПОДДРШКАТА ЗА ЗАПАДНО ОРИЕНТИРАНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Vecer | 27.09.2023

Пендаровски: ОПАЃА ПОДДРШКАТА ЗА ЗАПАДНО ОРИЕНТИРАНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Претседателот Стево Пендаровски изрази задоволство што оваа година претседавањето со А 5 групацијата го презеде нашата земја, и тоа за првпат откако е членка на НАТО.

Посочи дека од формирањето до денеска Јадранската повелба во голем степен ја има остварено иницијалната цел- промовирање и имплементација на политиката на отворена врата на НАТО, заради која и била основана.

-За време на сите изминати години Северна Македонија без двоумење се вложи во промовирање на целите на Повелбата и ќе продолжи да го прави тоа со цел на најдобар начин да бидат разбрани и прифатени предностите на партнерството и интеграцијата во НАТО Алијансата, во тој контекст сакам посебно да го истакнам значењето на севкупната подршка од страна на САД кои и денеска продолжуваат да ја даваат за евроатлнатксите аспирации на Западен Балкан, а во функција на обезбедување на мир и просперитет на целиот регион, рече Пендаровски.

Оцени дека руската инвазија врз Украина како никогаш претходно ја наметнала потребата ЕУ да се фокусира на интеграцијата на земјите од Западен Балкан, процес, за кој оцени дека ќе ја зајакне стабилоста, безбедноста и демократизацијата на регионот.

-За жал, пролонгирањето на евроинтеграциите од различни причини практично на сите западнобалкански држави го разнишува кредибилитетот на Унијата. Бавното темпо на процесот на интеграција во Унијата е една од заканите за демократијата на Балканот. Повеќе истражувања на јавното мислење покажуваат дека опаѓа поддршката за западно ориентираните организации и земји, и за првпат после три децении расте поддршката за некои други организации и поинакви модели на управување, порача Пендаровски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk