logo
logo
logo

Илија Димовски

„Пендаровски не покажа издржливост во своите ставови, ГИ МЕНУВА НА СЕКОИ ДВЕ НЕДЕЛИ“

Vecer | 11.08.2022

„Пендаровски не покажа издржливост во своите ставови, ГИ МЕНУВА НА СЕКОИ ДВЕ НЕДЕЛИ“

Просто сум зачуден од несериозноста, површноста и променливост на ставовите и изјавите на Претседателот Стево Пендаровски. Ваквиот збунувачки однос на Претседателот е видлив се повеќе во последно време. Тој не покажа издржливост во своите ставови, не само низ еден мандат, туку неговите ставови и изјави се менуваат на секои две недели, вели Илија Димовски.

Тој додава дека граѓаните очекуваа да имаат Претседател кој ќе има цврсти, конзистентни и принципиелни политики кои ќе се базираат на остварување на државните и националните интереси на Република Македонија.

- Спротивно, добија Претседател кој иако има желба да наметне некаков државнички однос, на крај од секој процес е само еден од поддржувачите на политиките на Владата. Очигледно е дека не креира политики, ги следи оние од Илинденска и Бихачка, рече тој.

Додава дека навистина е лошо за Република Македонија што има Претседател без претседателска позиција и однос, но лошо е и за Пендаровски кој е првиот Претседател чиј мандат не го спорел никој, а тоа тој не знаеше да го почитува и искористи за доброто на државата.

- Да дадете изјава за Гоце Делчев дека е Бугарин, дека би сакал да се исели од државата и дека во Македонија не е возможно национално помирување, згора на тоа да влезете во ваков непотребен дипломатски скандал, говори за фактот дека Пендаровски не ја обавува својата функција ниту малку од она што е потребно за Претседател на Република Македонија, истакна Димовски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk