logo
logo
logo

Пендаровски ја именува Уранија Пировска за нов Претседател на Комисијата за помилување

Vecer | 26.11.2021

Пендаровски ја именува Уранија Пировска за нов Претседател на Комисијата за помилување

Нов претседател на Комисијата за помилување на Претседателот на државата е Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права, одлучил претседателот Стево Пендаровски, соопштија од неговиот Кабинет.

Пировска доаѓа на местото на досегашниот претседател Сабит Кранли, а нов член во комисијата е новинарот Томислав Кежаровски.

За членови на Комисија претходно се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Божин Аврамовски, Сафет Aлиу, Зора Митиќ и Билјана Петковска. На нив ќе им се придружи и Кежаровски.

На местото на актерката Сабина Ајрула, за член на Комисијата за одликувања и признанија Пендаровски донесе одлука за именување на актерката Амернис Јовановска-Нокшиќи, соопштија од Кабинетот на Претседателот.

Комисијата за помилување на претседателот на Република Северна Македонија, како постојано работно тело во служба на претседателот, на редовни седници поединечно ја разгледува секоја пристигната молба за помилување заедно со предлогот на министерот/министерката за правда. Постапката за евентуално помилување на осудени лица од страна на претседателот, започнува со поднесување молба за помилување до судот којшто ја донел првостепената судска одлука.

Комисијата за одликувања и признанија е постојано работно тело на Претседателот составено од истакнати поединци и претставници од соодветни државни органи и организации, здруженија на граѓани, научни, стручни и други институции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk