logo
logo
logo

Пекарите со НАМАЛЕНА ЗАРАБОТКА, се жалат дека ХАРТИЕНИТЕ КЕСИ СЕ ПОСКАПИ ОД НАЈЛОНСКИТЕ

Vecer | 01.12.2021

Пекарите со НАМАЛЕНА ЗАРАБОТКА, се жалат дека ХАРТИЕНИТЕ КЕСИ СЕ ПОСКАПИ ОД НАЈЛОНСКИТЕ

Од денеска во Македонија стапи на сила забраната за најлонски кеси, односно обврската за наплата биоразградливи кеси ќе чинат 15 денари за парче.

Сепак на оваа мерка се пожалија пекарите. Тие велат дека се соочуваат со помала заработка.

„Во моменти кога драстично се зголеми цената на репроматеријалите за пекарски производи (брашно, шеќер, зејтин, и др), стапи на сила и законската регулатива за забрана за користење на кеси за носење на стока, согласно новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување“, велат од Секцијата на пекари при Занаетчиската комора Скопје.

Додаваат дека имаат и дополнителни финансиски трошоци при набавка на хартиени кеси, кои чинат 50 отсто повеќе од набавката на многу лесните пластични кеси за носење на стока чијашто дебелина е пониска од 15 микрони, и кои претежно ги користеа за пакување на бурек и бели пецива во бурекџилниците.

„Исто така утринава ни стигнаа реакција од членовите на секцијата пекари дека освен што хартиените кеси се 50 отсто поскапи, и ги нема и се дефицитарни во моментов“, вели Анета Атанасовска-Занаетчиска комора Скопје.

Пекарите предлагаат измена на Правилникот и дозвола да се користат многу тенките кеси чија што дебелина е пониска од 15 микрони без да се наплатуваат од страна на потрошувачите, затоа што за тоа треба да вработат уште едно лице кое што треба да води евиденција на прилив од средства од кеси, што е навистина невозможно за мали занаетчиски дуќани како што се бурекџилниците.

Исто така предлагаат државата да го субвенционира трошокот за набавка на  хартиени кеси за занаетчиите, за да можат финансиски да издржат за да ја почитуваат регулативата. Во спротивно, во овие и така тешки денови за секторот ќе следи затварање на многу занаетчиски бизниси затоа што е невозможно да се издржи овој финансиски товар, велат оттаму.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk