logo
logo
logo

Пазар3: Кренар Лога министер за правда, Фадиљ Цана министер за здравство

Vecer | 05.02.2023

Пазар3: Кренар Лога министер за правда, Фадиљ Цана министер за здравство

Кренар Лога министер за правда, Фадиљ Цана министер за здравство.

Ова, како што дознава Телма, е договорено денеска меѓу новите коалициони партнери во власта. Трета клучна функција што ќе ја добие Алијанса за Албанците, најверојатно е заменик министер во труд и социјала. Лога е актуелен член на ДИК, а Цана е инфектолог на Инфективната клиника.

СДСМ најверојатно ќе го отстапи и директорското место во УЈП. Од оваа партија, која го отстапува и министерството за правда,  сметаат дека не губат ништо, затоа што отстапки ќе направат и помалите коалициони партнери, кои ќе дадат позиции за СДСМ, а за таа сметка ќе добијат вработувања. Како што дознаваме, Алтернатива, освен Министерството за здравство, не отстапуваат директорски позиции.

МЕПСО останува кај Албанците, но не кај ДУИ, туку кај Алтернатива или Алијанса, зависно од договорот.

Таравари, покрај УЈП, бара позиции и во Царина, финансиската полиција, МВР, инспекциите. Не е нужно сегде да се директорски позиции,може и од пониските ешалони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk