logo
logo
logo

Павле Трајанов ЛУТ ЗОШТО ГО ВАКЦИНИРАЛЕ СО РУСКАТА ВАКЦИНА, а не со Фајзер

Vecer | 23.04.2021

Павле Трајанов ЛУТ ЗОШТО ГО ВАКЦИНИРАЛЕ СО РУСКАТА ВАКЦИНА, а не со Фајзер

Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз и пратеник се налути зошто го вакцинирале со Спутник В, а не со Фајзер.

Според него пратениците биле дискриминирани бидејќи министерот за здравство Венко Филипче не им оставил право на избор.

- Пратениците се насочени да се вакцинираат со Спутник. Можеме да почекаме и да одложиме, но за да профункционира парламентот мора да бидеме вакцинирани, еве сите се наредивме во редот и се вакциниравме. Не може од Фејсбук да се гради политика. Некој ќе напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со Фајзер, и министерот ја менува со Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса, реагираше Трајанов откако ја прими вакцината.

Трајанов рече дека тоа е став и на другите пратеници, но не смеат да го искажат откако ја примија.

- Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам измама“, нагласува Трајанов кој е скептичен дека со доцнењето и со ваквото темпо на вакцинација ефектите ќе бидат минимални за стекнување на колективен имунитет, рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk