-Друг, исклучително важен факт што го промовираат нашите универзитети е вредноста на еднаквоста и еднаквиот третман на сите студенти без разлика на етничката припадност. Само врз основа на објективна проценка и меритократија ќе бидеме успешни во секој следен предизвик. Нема друг пат до напредок освен патот на знаењето, порача Груби.Министерот за образование и наука Шаќири на првиот академски час од новата студиска 2022-2023 година истакна дека во нов и добро опремен објект и со наставен кадар кој вложува во обуки и професионална надградба, овој универзитет достоинствено ја чекори втората деценија академски живот, реализирајќи настава во сите три циклуси студии. Како што рече, сериозноста со која се пристапува на научно-истражувачката дејност, издавањето меѓународни научни списанија, организирањето научни конгреси и конференции се само дел од причините што ги привлекуваат студентите. Потсети дека МОН посветено работи на обезбедување квалитет и ефективност на високото образование во согласност со европските добри практики, ја подобрува достапноста на високото образование, го унапредува системот на акредитација и евалуација на високото образование и го подобрува студентскиот стандард.
-Подобрувајќи го квалитетот на високото образование влијаеме врз човечкиот капитал, како основен услов за просперитет за нашата држава, потенцираше министерот Шаќири.На свеченоста се обратија и ректорот на Универзитетот проф. д-р Исмаил Коџајусуфоглу и министерот за здравство Беким Сали.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата