logo
logo
logo

Парламентарна делегација предводена од Џафери во студиска посета на германскиот Бундестаг

Vecer | 16.05.2022

Парламентарна делегација предводена од Џафери во студиска посета на германскиот Бундестаг

Претседателот на Собранието Талат Џафери, координатори на пратеничките групи, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова, собраниски службеници, како и претставници од НДИ од денеска до четврток (19 мај) ќе бидат во студиска посета на германскиот Бундестаг во Берлин. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието, посетата е организирана и финансирана во рамки на Програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од Швајцарската агенција за развој и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување. Во политичкиот дел на Студиската посета, делегацијата ќе оствари средба со претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас, Парламентарната група за соработка со државите од Југоисточна Европа, Комисијата за Европската Унија, специјалниот пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин. Во практичниот дел од посетата, како што стои во соопштението, ќе се реализираат средби со генералниот секретар на Бундестагот, со високи службеници од Бундестагот надлежни за парламентарни услуги, полиција и безбедносни задачи, ревизија, како и претставници на Парламентарниот ТВ канал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk