logo
logo
logo

ПАРИТЕ СТИГНАА ДО ОСИГУРЕНИЦИТЕ: ФЗО исплати над 623 милиони денари во август

Vecer | 01.09.2026

ПАРИТЕ СТИГНАА ДО ОСИГУРЕНИЦИТЕ: ФЗО исплати над 623 милиони денари во август

Над 623 милиони денари биле исплатени од Фондот за здравствено осигурување во текот на август за надоместоци на плата поради привремена спреченост за работа, при што повеќе од 414 милиони денари се однесуваат на породилни отсуства. Од ФЗО посочуваат дека станува збор за една од повисоките месечни исплати, реализирана преку забрзана обработка на предметите и навремено планирање на средствата, со цел исплатите кон осигурениците да се одвиваат непречено.

Предметите, како што информираат од Фондот, биле разгледувани според датумот на поднесување, при што предност имале постарите барања. На тој начин, целта е надоместоците за боледување и породилните отсуства да се исплаќаат навремено и континуирано.

Посебен акцент бил ставен на породилните надоместоци, по насока на генералниот директор на ФЗО, Златко Перински. Од Фондот посочуваат дека и покрај издвоените средства за оваа намена, редовно биле сервисирани и останатите финансиски обврски.

Од ФЗО најавуваат дека ваквата динамика ќе продолжи и во наредниот период, со фокус на пократко време за обработка на барањата и поредовни исплати.

„Зад овие бројки стојат осигуреници и семејства за кои навремената исплата значи сигурност во период кога им е најпотребна“, велат од Фондот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk