logo
logo
logo

ПАРИ ЗА БЕСПЛАТНИТЕ СВИДЕТЕЛСТВА ЗЕМАЛЕ две средни во Прилеп и Тетово

Vecer | 22.06.2021

ПАРИ ЗА БЕСПЛАТНИТЕ СВИДЕТЕЛСТВА ЗЕМАЛЕ две средни во Прилеп и Тетово

Откако средношколците реагираа дека одредени средни училишта наплаќаат за свидетелствата кои им се делеле на учениците, спроведени се инспекции и утврдено е дека во две гимназии навистина се барале пари.

Како што се дознава тоа се средното медицинско училиште во Тетово и гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.

Ова го покажал извештајот од спроведените инспекции во 4-те средни училишта во кои постоеше сомнеж дека класните раководители од учениците земале пари за изготвување на документот. Поради утврдените неправилности, инспекторите на средното медицинско училиште од Тетово и гимназијата од Прилеп им наложиле да ги вратат парите. За разлика од овие две образовни установи, во средното економско училиште во Тетово и скопската гимназија „Зеф Љуш“ Марку не биле утрвдени неправилности.

Народниот правобранител кој констатира дека ова е пракса години наназад, ги охрабрува сите оние на кои нема да им бидат вратени парите да пријавуваат вакви злоупотреби.

Опозицијата и денеска ја обвини министерката Царовска дека не само што нема свидетелства, туку учениците мора за нив да платат од свој џеб.

Директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, уште вчера во изјава за Сител посочи дека ќе им бидат вратени парите на учениците на денот кога ќе ги земат свидетелствата. Од медицнското училиште во Тетово не успеавме да добиеме одговор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk