logo
logo
logo

Пандов: Уставобранителите беа политички осудени за ЗАЕВ ДА МОЖЕ ДА ГО СМЕНИ УСТАВОТ

Vecer | 27.05.2021

Пандов: Уставобранителите беа политички осудени за ЗАЕВ ДА МОЖЕ ДА ГО СМЕНИ УСТАВОТ

Максимална поддршка ќе добие овој протест за уставобранителите како и минатиот што беше на 25 Април. Сега овој протест ќе биде на 29 Мај во сабота од 18:30 часот пред Влада. Максимална поддршка ќе добие протестот од ВМРО-ДПМНЕ вклучувајќи го и Патриотскиот институт вклучувајќи ги и сите тела на партијата, комплетното раководство ќе биде присутно повторно и така натаму,  вели Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ за  „Што не е јасно“

Тој во текот на своето гостување во врска со овој протест укажа дека Уставобранителите се максимално непреведно осудени, односно осудени со политичка намера да му овозможат на Зоран Заев да го промени Уставот.

- Во тој пакет на притворени луѓе кои што за да си добијат слободата, затоа што и на нив им висеа над глава по 15 годишни затворски казни тие луѓе го дадоа својот глас тогаш за промена на името, спротивно на референдумските искажувања на граѓаните на Република Македонија, спротивно на желбата на граѓаните. И по пат на такво заплашување и на таков политички притисок, обвинителско-судски со Русковска и Кацарска успееја да го издејствуваат тоа како политичко, а од друга страна браќата останаа притворени, подоцна осудени и затворени на 15-20 годишни казни, кажа Пандов.

Пандов потенцираше дека за да почне било каква правда во Република Македонија потребно е овие луѓе да добија правично и фер судење.

-Ние мислиме дека за да почне било каква правда во Република Македонија број еден услов е тие луѓе да добијат правично и фер судење, не се бара нивно ослободување, не се бара милостиња од Зоран Заев, се бара оние неправди кои се направени судско-обвинителски да бидат исправени, додаде Пандов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk