logo
logo
logo

Пандов: Македонската пролет ќе донесе предвремени парламентарни избори и пад на Заев

Vecer | 24.02.2021

Пандов: Македонската пролет ќе донесе предвремени парламентарни избори и пад на Заев

Оваа власт е школски пример за банана држава, ова е тоталитарен режим во кој имаме еден шериф, Зоран Заев со неговата свита кој дели и одзема правда и единствен спас се предвремени парламентарни избори заедно со локалните, а тоа ќе дојде преку Македонската пролет, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа, претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов.

Пандов истакна дека Зоран Заев и СДСМ ја носат Македонија кон секаков пропаст, од национален, се до економски, здравствен, правосуден, образовен па се дури и одбранбен со скандалите кои ги приредија во НАТО со недобивањето на безбедносните сертификати.

Тој додаде дека иако СДСМ дојде на власт дека ќе донесат правда и мир, сепак за овие 4 години се изнагледавме разни криминали од владините функционери за кои никој досега не одговараше и истите се заштитени.

- Сите се заштитени како бели мечки додека Маричиќ е во правда, а Спасовски во МВР, а Заев е премиер, нема влакно да им фали на глава.  Не очекувам разврска за Ден Дончев, за Рашковски, ниту за било кој функционер . Се работи за криминална и корумпирана банда која што гледа што повеќе да украде и нема никаква црвена линија, нагласи Пандов.

Тој  потенцираше дека единствен спас е предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори.

- Ќе се случи Македонска пролет која ќе ја принуди оваа банда на предвремени парламентарни избори. Секој што малку си ја сака својата татковина и посакува барем малку добро , нема да му даде поддршка на Заев, рече Пандов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk