logo
logo
logo

ПАДНАА МАСКИТЕ НА АПАСИЕВ И ЛЕВИЦА, подрумот испадна кафе бар

Vecer | 26.04.2025

ПАДНАА МАСКИТЕ НА АПАСИЕВ И ЛЕВИЦА, подрумот испадна кафе бар

Паднаа маските на Димитар Апасиев и Левица. Додека Апасиев глуми загрижен и продава скромност, пред очите на јавноста излегоа докази и документи за тоа како преку ноќ Левица купила имот од 409 м2 во строг Центар во Скопје по багателна цена за 700 евра квадрат, но Град Скопје им пресмета дека тој простор вреди многу повеќе, односно 1.150 евра за метар квадратен, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Додека Апасиев на своите членови од Левица и граѓаните им продава демагогии и гол популизам стана очигледно неговото луксузирање по грчките плажи, нов џип, кафе бар и нов имот на партијата.

Апасиев и Левица го манипулираат и лажат своето членство дека купиле подрум, но на виделина излегоа документи каде, всушност, освен подрум таму има и приземје и локал.

На тоа место, кое е над земја три-четири метри исто така е регистриран и локал, односно друштво за угостителство и услуги „Павилјон 36“ ДООЕЛ Скопје. Сопственикот на истиот е член на Централниот комитет на Левица, Зоран Ивановски кој истовремено е и член на УО на ЈП Водовод и канализација.

Падна во вода приказната која Апасиев сакаше да ја продаде на народот како дете на стечајци и одење на работа со велосипед, до скап џип паркиран на тревник пред Собрание и луксузирање на грчките плажи, додека во исто време партијата купува имоти во строг Центар на Градот и отвoра кафе барови, стои во соопштението

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk