Изет Меџити од ВЛЕН изјави дека ДУИ бара предвремени парламентарни избори бидејќи гледа дека ѝ се распаѓа членството и партиската структура, пренесува ТВ21. На прашањето за легитимитетот, односно бројот на албански пратеници во парламентарното мнозинство, Меџити рече дека играта не е завршена.
„Во однос на пратениците, мислам дека играта не е завршена, туку започна. Ако мислеле дека со заминувањето на г. Таравари заврши играта, тогаш ќе видиме понатаму дека оваа игра ќе продолжи и ќе се игра на теренот на Европскиот фронт“, изјави Меџити.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата