logo
logo
logo

"Овие луѓе БЕА ЗАБОРАВЕНИ": Тошковски на средба со Македонци кои живеат во Албанија

Vecer | 04.10.2024

"Овие луѓе БЕА ЗАБОРАВЕНИ": Тошковски на средба со Македонци кои живеат во Албанија

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на посетата на Албанија се сретна со претставници на македонската заедница во таа земја.

"Имав можност непосредно да се запознам со нивниот начин на живот тука, како и предизвиците и проблемите со кои се соочени. Ме запознаа и со активностите кои ги преземаат во насока на негување и зачувување на македонската култура и идентитет," напиша Тошковски на својот Фејсбук профил.

"Нивната љубов кон татковината е евидентна. Овие луѓе беа заборавени и затоа одржувањето на блиски контакти со нив е од исклучителна важност, а јас секогаш сум подготвен за соработка и поддршка во рамките на моите можности. Мојата врата е секогаш отворена за комуникација и заедничко делување, сè со цел да ги зајакнеме врските помеѓу татковината и нашите граѓани во дијаспората," рече Тошковски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk