logo
logo
logo

Ова се ПРАВИЛАТА ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА, има и нови детали

Vecer | 03.05.2021

Ова се ПРАВИЛАТА ЗА УПИС НА ПРВАЧИЊА, има и нови детали

Од утре започнува уписот на првачиња во основните училишта низ целата држава. Со оглед на пандемијата и уписот се одвива според однапред утврден протокол.

Во целост ги пренесуваме протоклите кои Општина Карпош ги објави во врска со редовното запишување на првачиња:

Започнува уписот на деца во прво одделение, во сите десет основни училишта, за учебната 2021/2022 година. Во општина Карпош, запишувањето на новите ученици ќе се одвива во две фази:

Доставување на потребни документи до училиштето, по електронски пат на uslugi.gov.mk или директно до Комисијата за упис на деца во I одделение (составено од секое основно училиште);

Средба (разговор) со детето, на закажан термин во согласност со Протоколот за упис на ученици.

Од оваа година, доставувањето на документи може да се прави и по електронски пат, со цел да се намали метежот по образовните установи, но и да се избегне групирање и ширење на вирусот КОВИД – 19.

Физичкото присуство останува како задолжително за да се спроведе интервјуто со ученикот кој се запишува. Сепак, генерално, ако дозволуваат временските услови, овие разговори ќе се спроведуваат во отворените еко – училници на сите училишта.

Апелираме до сите чинители во процесот (наставници, деца, родители, административно – технички кадар) на зголемена претпазливост при работењето и грижа за заштита на јавното здравје.

Општина Карпош посакува успешен упис и нов почеток за нашите најмлади жители, како и за нивните родители и наставен кадар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk