logo
logo
logo

Отворен е предметот „Бумеранг“ – Бојан Јовановски утре во ОЈО

Vecer | 09.05.2024

Отворен е предметот „Бумеранг“ – Бојан Јовановски утре во ОЈО

Утре во 10 часот во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција започнува кривично-правната операција со кодно име – “Бумеранг” која ја најави Бојан Јовановски- Боки 13 изминатата година кога побара прием кај шефот на наведеното обвинителство, јавен обвинител Ислам Абази.

-По делегирање на надлежен јавен обвинител ве известувам дека оформен е предмет, утре тој е повикан за прв пат да дава исказ и да ги поднесе кривичните пријави за сторени кривични дела на високо профилирани лица, функционери, политичари, обвинители, судии и бизнисмени, стои во соопштението од Тимот за комуникации на Јовановски.

На закажаниот термин во обвинителството ќе биде заедно со полномошник, адвокат м-р Владимир Туфегџиќ.

По завршување ќе има обраќање до јавноста и ќе дава изјави за медиумите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk