logo
logo
logo

ОТПОР за товарење на Пазарна со “рамковен кадар“ кој никому не треба

Vecer | 23.04.2021

ОТПОР за товарење на Пазарна со “рамковен кадар“ кој никому не треба

Владата му наложи на директрот на Државниот пазарен инспекторат да вработи нови 35 лица, етнички Албанци, затоа што тоа било според планот на владата конечно, по три години, да почнат да одат на работа дел од над 1.300 “рамковсно вработени“ Албанци без оглед на потребата за нивно вработување или стручност.

Директрот Пауновски ја одби оваа наредба, нагласи дека е подготвен и да биде сменет од функцијата, затоа што таков кадар и за тие места не им е потребен. Освен тоа, нагласи тој во институцијата веќе има 40% Албанци и не може да стане збор за “етничко балансирање“ на вработените. Вработените застанаа на страна на директорот Пауновски.

Во историјата на Државниот пазарен инспекторат немало толку успешен директор, тврдат колегите на директорот Стојко Пауновски и најавуваат протест. Инспектори од сите градови се на пат кон Скопје и бараат прием кај премиерот Зоран Заев, кој пак денес порача дека не е дозволен пркос во однос на надредените од страна на државен службеник именуван од Владата.

Со реакција излегоа и вицепремиерите Љупчо Николовски и Артан Груби. Тие порачаа дека Пауновски знае дека инспекторатите добиваат 104 вработувања, од кои 15 се за ДПИ, и се надвор од оние според правична застапеност, така што неприфатливо е да не се почитуваат одлуките на Владата

- “Со усвоениот План за распределба на административните службеници преку Програмата К-5, којшто беше усвоен на 40-тата владина седница, Владата најде решение за еден сериозен децениски проблем за кој реагираа граѓаните. Согласно Законот за преземање административни службеници, 1.349 вработени според програмата за правична застапеност конечно се распределуваат на конкретни работни задачи во вкупно 237 институции.

Тоа не се нови вработувања туку станува збор за решение со кое државата конечно обезбеди конкретни ангажмани за вработени лица кои со години беа причина за незадоволство кај јавноста од една страна, а кои во исто време не добиваа никакви работни задачи од институциите“.

Патем, овие 1.349 Албанци цело време примаа плата без оглед на тоа што немаа работно место.

Од почетокот на следниот месец, започнува распоредувањето на друга група по утврдениот план и тоа: 18 во Агенцијата за вработување, три во Инспекторат за јазици и шест во Централен регистар.

Исто така, 143 се во процедура да почнат со реален работен ангажман во МВР, а 101 во УЈП. Од вкупната бројка на лица што се распоредуваат, 1.182 прифатиле распределување, 38 одбиле и се на трансфер листа, 13 самите дале отказ, а останатите ги исполниле условите за старосна пензија.

Овие лица се веќе вработени, за нив не се потребни дополнителни финансии, и согласно Планот, по распределбата во конкретните институции, нивната работа ќе биде оценувана според критериумите на мерит системот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk