logo
logo
logo

Откриени 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва во Берово

Vecer | 22.04.2021

Откриени 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва во Берово


Полициски службеници од Берово во содејство со шумска полиција одзедоа околу 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва на повеќе локации.

Вчера околу 23 часот во дворот од куќа на ул. Маршал Тито во Берово, сопственост на М.П., биле пронајдени околу 17 метри кубни огревни дрва.

Денеска, пак, во с.Двориште, на место викано Буково, во приколка биле пронајдени бесправно исечени 18 метри кубни борови дрва.

На друга локација во с.Двориште биле пронајдени 15 метри кубни букови огревни дрва.

Извршен бил увид на местото на настанот и дрвата биле предадени на шумска полиција.

По комплетно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, најави МВР.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk